Back

Explore every episode of the podcast Monika Zec Audio Blog

Dive into the complete episode list for Monika Zec Audio Blog. Each episode is cataloged with detailed descriptions, making it easy to find and explore specific topics. Keep track of all episodes from your favorite podcast and never miss a moment of insightful content.

Rows per page:

1–22 of 22

TitlePub. DateDuration
Семејството како систем17 janv. 202500:25:21

Во оваа епизода зборуваме за семејството како систем што го градиме секојдневно.

Системите се дел од нашето секојдневие, а семејството е еден од најважните. За еден семеен систем да биде здрав и стабилен, според мене потребно е планирање и поставување цели.

Планирањето создава основа за функционално и хармонично семејство. Во хаосот на секојдневието, често се губат приоритетите, но замислете како би се промениле работите ако вашето семејство има јасен план и заеднички цели.

Кога го негуваме семејството како систем, создаваме место кое ни дава инспирација и ни е сила за сè останато во животот.

Поставување на цели за годината која престои03 janv. 202500:23:56

Поставувањето цели за секоја нова година е како ритуал за мене, нешто што го негувам веќе неколку години. Овој процес не е само обична задача, туку момент за размислување, планирање и креирање визија за годината што претстои.

Поставување на цели, заедно со креирање на vision board е нешто што мене ми дава смисла и насока, јаснотија за тоа што навистина сакам да постигнам, но и чувство на контрола врз патот по кој се движам.

Целите не се само листа на желби; тие се алатка што ми помага свесно да го креирам мојот животот каков што јас го посакувам. Во оваа епизода, ќе зборувам токму за тоа – за важноста на поставувањето цели, како тоа може да ве инспирира и како да го направите процесот уште поефективен.

Моќта на паузата во бурни денови14 nov. 202400:18:14

Неодамна ја слушнав оваа порака: When you press the pause button on a machine they stop. But when you press the pause on a human being they start. Од тој момент, оваа мисла е постојано со мене.

Често, во бурни денови и тешки ситуации, забележував како нетрпеливоста и силниот порив веднаш да го решам проблемот ме водат кон стрес и вознемиреност. Вчера, по многу обиди и грешки, за првпат успеав навреме да се препуштам на паузата, и токму тогаш чуда почнаа да се случуваат.

Нашата приказна за спиењето - Втор дел05 mars 202400:27:49

Јас сметам дека никогаш не е доста од споделување на искуство на некоја мајка, особено ако се работи за еден од најголемите проблеми со кој се соочува секоја нова мајка: СПИЕЊЕ!

Дефинитивно искуството и перспективата си го прави своето, но сепак знаењето и пристапот и реалните очекувања менуваат сѐ.
Па во оваа епизода го споделувам моето искуство околку спиењето со моето второ дете, и што е она што поинаку го направив сега отколку со првото.

Од менување на мојата перспектива и очекувања, до заспивање од сам старт во темно и во спална соба, до воспоставување на вечерна рутина, сѐ само дел од работите кои овој пат со сигурност ги направив поинаку и тоа вроди прекрасен резултат.
На крајот на денот јас верувам дека сонот игра ОГРОМНА улога во растот и развојот на секое дете, но на крајот на денот не треба да заборавиме дека одговорноста е на нас, родителите

Постпартум втор дел18 janv. 202400:43:15

Добредојдовте во новата епизода, прва за оваа 2024! 


Оваа епизода е продолжение на претходната, но овој пат повеќе зборувам за оние работи кои јас би сакала да ги знам во однос на бебето за тој четврт триместар.

Комуникација, како клучот за било кој однос за мене играше огромна улога во градење на таа конекција со моите деца. А комуникацијата со мало бебе е најтешкото нешто, барем за мене како мајка, зошто бебињата се целосно невербални суштества, и еднинствен начин за комуникација им е плачот и body langage.
Овие две видеа за мене беа од многу голема помош кога се работи за комуникација:

1. https://www.youtube.com/watch?v=a4WGVOzTR4A&t=349s
2. https://www.youtube.com/watch?v=_P4Kjh-GX3c&t=5s

Адаптацијата кај бебињата игра голема улога во целиот процес. Доста често мајките не се свесни дека на бебињата им треба време да го запознаат светот околу нив. Они живееле во утробата на мајката речиси цели 10 месеци и одеднаш очекуваме дека се ќе оди глатко, а тоа често не е така.

Јас верувам дека најдобриот начин на исхрана кај секое новороденче е доењето. Овој процес е еден од најдобрите процеси и за бебето и за мајката. Бенефитите од доењето се безброј и тоа е приказна за себе. Но она што доста често гледам и по себе и по другите дека се случува е многу наивно да му пристапиме за доењето, а доста често ни треба стручна помош. Повелете два линка од две прекрасни жени кои верувам можат многу да ве научат кога станува збор доење

  1. https://www.instagram.com/doenje_so_ljubov/
  2. https://www.instagram.com/jasnic_80/

Спиење. Ова за мене беше и секогаш ќе остане една од најголемите и најтешките проблематики со кои се соочив како мајка за прв пат. И ова е уште една од оние работи на кои многу ама многу наивно му пристапуваме, а игра ОГРОМНА улога во многу аспекти на детето. Не само на детето туку и кај мајката и кај целото семејство.

Ова е мојата прва епизода за доење, која доколку ја немате слушнато ви препорачувам да ја ислушате. 

https://monikazec.blog/2021/02/нашата-приказна-за-спиењето/

И за крај зборувам за времето поминато надвор и околината кои многу знаат да влијаат врз тоа каква мајка сме ние и во каква мајка се градиме.




Постпартум и пораѓај15 déc. 202300:44:10

Постпартумот е еден период од животот на секоја жена кој е доста често изоставен. Многу често не ни зборуваме за ова четврто тромесечје низ кое секоја жена, мајка поминува. Сите главен акцент му даваат на бебето, а доста често се заборава на мајката. 
Јас верувам дека е многу важно да се зборува на оваа тема, сѐ со цел жената да е посвесна што е она што следи и што да очекува, и да знае дека сите тие процеси низ кои минува се многу нормална појава за секоја мајка. Често, благодарение на социјалните медиуми имаме една замисла за мајчинството и како целиот тој период изгледа, но кога ќе се соочиме со реалноста често сфаќаме дека не е се така розово како што сме очекувале. 
Но баш тоа шаренило е она кое ќе не доведе до поголема зрелост, ќе не направи да бидеме онаа мајка што на нашето дете му е потребна.

Улогата на односот со себе25 oct. 202300:28:35
Интро во новата сезона27 sept. 202300:16:48
Една за родителство25 mars 202201:09:42
Родителството за мене лично беше најголемиот повик за раст и развој.

Родитеството за мене е една од најголемите улоги кои јас можев да ги добијам во мојот живот. Улога која ме натера да се преиспитам колку знам и колку всушност не знам. Улога кога ми кажа дека е време за промени, време за превземање на одговорност и константо работење да бидам подобра личност.

Родитеството ме натера да согледам што се граници, што всушност се навики, рутини и колку голема улога имаат тие во животот на едно дете, но и во мојот живот. Во животот на нашето семејство. 

Во оваа епизода ги споделувам моите ставови и принципи во кои јас верувам како родител. Потребата на оваа епизода е да го споделам она во кое јас верувам, оние мои ставови, се со цел да дадам поинаква перспектива на целиот овој процес којшто за мене е најубавото нешто за кое сум благодарна што можам да го уживам.

Граници, едукација, работа на себе, искрена комуникација, игра се едни од основите принципи во кои јас силно верувам како родител и максимално се трудам да се држам до нив.

Се надевам дека оваа епизода ќе ви даде нови видици за родителството. 

Имајте прекрасен ден
М



Значењето на личните граници со Елена Џебр09 mars 202201:15:29

Улогата на личните границите е клучна во сечиј живот, и истите имаат големо влијание врз нашата среќа и квалитетот на животот.

За жал живееме во општество каде што секојдневно се соочуваме со преминување на тие наши лични границите и некако сме навикнати дека тоа е во ред, а всушност не сме ни свесни колку не е.

Живееме во опшество каде постои патерн на однесување и тоа се пренесува од генерации на генерации, но за среќа денес благодарение на сите информации и податоци можеме заедно да ја подигнеме свеноста на повисоко ниво и можеме да ги прекинеме тие циклуси и воедно да жимееме онаков живот каков што сакаме.

Мораме да поставиме граници како другиот би видел дека постоиме и не би се удриле во нас, е нешто што Елена го кажа во оваа епизода кое мислам дека резонира со целата поента на овој наш разговор.

Се надевам дека ако барем ќе ве потикнеме да размислувате како можете да си ги подобрите вашите граници пред се со себеси па после со другите.

Убав ден
М

Ова е линкот од епизодата на Елена за бенефитите од водење дневник https://spoti.fi/3vVEdQO 

Нашите мисли се нашата среќа10 févr. 202200:24:18

The only things making you unhappy are your thoughts. 

Уште една лекција која животот ми ја наметна е колку моите мисли се тесно поврзани со мојата мојата среќа и среќата на моите најблиски.

Во моментот кога ќе сфатите дека решението на сите проблеми се вашите мисли ќе сфатите колку голема контрола имате врз многу работи, вклучувајќи ја и вашата среќа.
Проблемот не е во проблемот, туку во вашето размислување. 

Променете го начинот на вашето размислување и со тоа ќе го промените и квалитето на вашиот живот. Вашите мисли ја создаваат вашата реалност. 

Улогата на самостојната игра во развојот кај децата но и кај целото семејството со Марија Илкоска10 nov. 202100:51:30

Оваа недела мој гостин е Марија Илкоска, или повеќе позната по профилот развој низ игра на инстаграм. Специјален едукатор и рехабилитатор за деца, меѓутоа пред се една феноменална мајка на две мали деца.

Оваа недела со Марија разговараме на тема родителство и улогата на родителот во животот на децата. Разговараме на заеднички теми се со цел да ја подигнеме свесноста кај родителите, кај мајките.
Но исто така разговараме и на тема самостоја игра кај децата и нејзината огромна улога во растот и развојот кај едно дете. Нешто со кое што Марија доста актуелно се занимава во последно време и има и свој курс на оваа тема.

Па послушајте го нашиот разговор.

Нова сезона нови почетоци29 sept. 202100:22:21

Нова сезона нови почетоци!

Со доаѓањето на есента за мене лично ова е време за нови почетоци. Време е да ги отфрлам сите оние работи коишто не ми служат и да направам место за се она ново што треба да дојде.

Превземање на одговорноста за самите нас и будење на свесноста како примарни фактори за било каков почеток се едни од основните алати за креирање на тој позитивен mindset и за култивирање на истиот. 
Во моментот кога ќе сфатите дека вие имате право да одберете поинаку секој ден, тогаш ќе сфатите колку всушност животот може да биде убав.
Вие ја имате таа можност секој ден да одберете да се чувстувате поинаку. Да одберете на што го трошите вашето време, вашата енергија, вашите емоции. Да одберете како ќе живеете во секоја ситуација, секој момент, секој ден.

Зошто секој заслужува да живее живот каков што сака, исполнет и среќен.

Ви благодарам многу.

Имајте прекрасен ден.
М

Baby Led Weaning со мајката Ката03 juin 202101:19:41


Во нашата земја сметам дека постои огромен проблем со децата и храната и е нужно потребно се повеќе и повеќе да се зборува на оваа тема се со цел да се едуцираат се повеќе и повеќе мајки.

Ова е еден од оние проблеми коишто е клучно да се решат според мене за доброто на детето, а и на мајката. Сметам дека не е хумано и не е фер мајката секој ден да поминува низ толку голем стрес и грижа дали детето е јадено или не.

Но според моето искуство главен причинител за овој проблем е стравот, стравот од непознатото, имагинарниот страв. Имено ние мајките мислам дека сме професионалци кога станува збор за замислување на најлошото сценарио за нашите деца 😊 и што се лошо може да се случи, а да бидеме искрени ништо од тоа не се случува речиси никогаш.
Затоа и главен аспект на оваа епизода е целиот тој страв и како постепено да се премине од блендирана кон поцврста храна.

Затоа се надевам дека преку оваа епизода ќе можеме да ве охрабриме, да ви кажеме што е она што се случува позади целиот тој процес, се со цел да се соочите со тој страв и да го надминета истиот. Зашто ако едно нешто сфатив, тоа е дека апсолутно не е фер мојот страв да и го наметнувам на ќерка ми. Не е фер поради мојот страв она да не расте и се развива соодветно како што она сака.

И запомнете, ова мислам дека е најбитно од се, многу е полесно да се надмине било каков проблем додека детето е помало отколку кога детето ќе порасне. Затоа што, што порано се реши проблемот тоа полесно 😊.
Игнорирање само ја продлабочува тежината на истиот.

Приказната позади Kids&Co и сите оние фактори коишто влијаат врз развојот на брендот05 mai 202101:02:11

Оваа епизода е повеќе неменета за бизис аспектот на мојот живот, и што точно значи една мајка денес да води свој сопствен мал бизис.

Можеби навидум тоа изгледа доста лесно и едноставно, но водењето на свој сопствен бизнис, додека покрај себе имате едни мали рачиња зафатени околу вас, може да е голем предизвик и бара огромна борба, посветеност, самодисциплина и упорност.
Но доколку човек го работи она што го сака, она што го исполнува и прави среќен, јас лично мислам дека тоа е таа сила што ги движи работите напред. Тоа е таа сила што не храни и ни ја дава целата енергија да продолжиме да го правиме она што сакаме да го правиме, да продолжиме вистински да го живееме нашиот живот онака како што сакаме.

Во оваа епизода ќе ја слушнете мојата приказна за настанувањето на Kids&Co инспирирана од мајчинството. Ќе ја слушнете мисијата и визијата на самиот бренд.
Но исто така ќе ги слушнете сите оние фактори коишто за мене се клучни да ги практикувам на дневно ниво, се со цел овој мал бизнис да расте и се развива и оди напред, како што се организација, упорност, труд и други.

Тука можете да го најдете линкот од епизодата за организација.
Тука можете да го најдете линкот од епизодата за спиење.
Тука можете да го најдете линкот од епизодата на Луција и Јована


Навики и рутини кои го менуваат животот18 mars 202100:48:24

Јас премногу верувам дека животот е во малите нешта, поточно во малите навики. Како ги поминувате вашите утра, како зборувате самите со себе, што е она што го јадете или можеби читате. Со кого и на што го трошите вашето време и вашата енергија директно има влијание врз квалитетот на вашиот живот. Тоа се работите што го менуваат вашиот живот. 

Нашите секојдневни навики и рутини го обликуваат секој аспект од нашите животи. Ако сакате промена, менувањето дури на една мала работа во вашето секојдневие може да направи огромна разлика.

Имено тоа се случи со мене. Тоа беше почетокот на целата моја трансформација. Моментот кога ги освестив моите навики и сфатив како тие влијаат, или не влијаат, не само врз мојот живот туку и врз животот на моите најблиски.

Во оваа епизода ги споделувам сите оние активности коишто јас почнав да ги применувам, и како создавањето на утринска рутина буквално го промени и сеуште го менува мојот живот кон подобро.

Нашите навики не само што не' обликуваат нас, туку тие ги формираат и оние кои растат покрај нас. Зашто нашите најмали секогаш не' гледаат, секогаш учат од нас.  Ако не можете да мислите на себе или да го правите ова за вас, тогаш направете го тоа за нив. 

Нашата приказна со спиењето27 janv. 202101:06:11

Спиењето кај децата е една од оние табу теми кај нас и сметам дека на оваа тема не се зборува многу од причина што многумина би биле осудувани. Но ако зборуваме јавно на оваа тема сметам дека многу мајки ќе можат да согледаат дека имаат и друг избор, избор којшто можат да го направат и којшто потенцијално може да им го промени животот.

Редно време е да почне да се зборува и да се почитува слободата на изборот на една мајка. Мајчинството е она што ние како мајки го правиме за нас, нашите деца, нашето семејство. И не мора мајката да страда за да биде мајка. Не мора мајката константно да биде лишена од сон само за да биде мајка.

Мене искрено не ме направи лоша мајка тоа што јас го согледав овој проблем, согледав колку многу мене лично ми пречи, и решив нешто да превземам. Мене не ме направи лоша мајка тоа што мене лично ми пречеше детето да ми се буди на секој час и тоа што мене ми пречеше детето мое да не спие по цели денови.
Бебето кое што има ред не е помалку сакано од она кое што се буди на секој час.
Тука не станува збор за љубовта на мајката, и дефинитивно сметам дека е апсурдно да се зборува или пак да се споредува љубовта на мајката спрема детето. 

Но тука станува збор за она што значи една мајка да греши и да согледа како тие нејзини грешки директно му влијаат на тоа дете. 
Тука станува збор колку ние мајките сме неедуцирани, колку никој не ни обрнува внимание на нам родителите. Што значи рутина, скок во развој, прозор на будност, креирање на атмосфера и сл. Зошто искрено никој не нѐ едуцира нас родителите на овие теми кога сите премногу влијаат врз целокупниот сон на целото семејство. 

Но кога би ги знаеле овие работи навремено сметам дека многу семејства не би пателе толку многу кога станува збор за спиење.
Да дефинитивно тука не се работи за методата cry it out. Но се работи за воспоставување на рутина, навремено легнување навечер, внимавање на прозорот на будност, спиење на соодветно место и др. сѐ со цел да се подобри квалитетот на сонот кај бебињата. Нешто што мене лично никој не ми го кажа, не ми го објасни во периодите кога прашував како можам да ѝ помогнам на ќерка ми. Кога ќе ги слушнете сите овие работи, мислам дека ќе сфатите колку нештата имаат логика и се тесно поврзани едни со други, и доколку родителот, во овој случај мајката, се држи до нив навистина се ќе биде многу полесно. 

Овој проблем за мене лично беше мојот прв wake up call. За прв пат увидов и сфатив колку моите постапки имаат директно влијание врз некого. Директно влијание врз развојот на Ема. Сфатив колку јас морам да се менувам, да растам и се развивам заедно со неа, зошто ако не го направам истото нема да можам да бидам во чекор со неа. 
Сфатив колку родителството всушност бара огромна работа на самите себеси. Сфатив колку она што ние сме како родители, не само што не' обликува нас како личности, туку најважно, ги обликува нив, нашите деца, како луѓе во иднина. 

Важноста на менталното здравје со Елена Џебр21 janv. 202101:06:19

Поддршката на вашето ментално здравје честопати може да звучи престрашно и многу комплицирано, поготово поради стигмите коишто кружат во нашето општество за тоа што точно претставува менталното здравје.

Но, сметам дека многумина не се ни свесни за улогата на менталното здравје за поубав и посреќен живот. 

Во оваа епизода ми се придружува мојот личен тренер, Елена Џебр, магистер по психологија, но истовремено и мајка, којашто и од личен, но и од стучен аспект зборува за улогата на менталното здравје, стресот и возмениреноста.

Како да ги препознаеме нашите тригери. Но и практични совети како да се справите со истите. 

Зошто да инвестирате во вашето ментално здравје и зошто е тоа многу важно за целото семејство.

Се надеваме дека со оваа епизода ќе ве поттикнеме да размислите за вас, вашето здравје, и што е она што можете уште веднаш да го направите за да го подобрите истото.

Повелете тука линк до профилот на Елена.

Нова година, нови почетоци12 janv. 202100:32:47

Новата година е совршено време за нов почеток. А мислам дека во оваа на сите ни треба нов почеток повеќе од било кога. 

Верувам дека за многумина изминатата година беше навистина тешка, и дека е тешко човек да се соочи со иднината, поготово после се она што се случи во 2020. Сите сме свесни дека иднината носи многу непознати работи и многу неизвесности.

Ако се чуствувате малку изгубено и не знаете од каде да почнете, а сте спремни за нов почеток ислушајте ја оваа епизода и дозволете ми да ви ја раскажам мојата приказна за тоа како јас  решив да си ги поставам своите цели, планови за престојната година. 

И никогаш не заборавајте вашиот живот е во ваши раце. Како го поминувате денот, неделата, месецот е апсолутно до вас. Вие ја имате силата да го живеете вашиот живот онака како што сакате, онака како што заслужувате.

Линкот до PDF документите https://cutt.ly/qjmlc4x

Линкот до избор за збор за оваа година https://www.instagram.com/p/CJeqrSBg6z1/.

Self Care или грижа за себеси, и зошто истата е многу важна.21 déc. 202000:35:46

Self Care или грижа за себеси е една од оние теми која што кај нас речиси и да не се зборува.

Една од оние теми која што дирекно е поврзана со нашето ментално здравје.

Многумина не се ни свесни што всушност претставува грижата за самите себе. Не можат да сфатат дека човекот треба да се вреднува себе си подеднакво како и другите.

Но тоа е така зошто ние, како општество, не сме научени на тоа. Ние сме учени дека треба да им помагаме на другите и да ги ставаме туѓите потреби пред нашите.

Но секој од нас има свои потреби. Емоционални, духовни, физички. И ако ние не ги задоволиме прво нашите како можеме да ги задоволуваме туѓите?

Во оваа епизода сакам да ве поттикнам да почнете да размислувата што всушност значи да се грижи човек за себе, и колку е тоа есенцијално за поквалитетен живот.

Ако не поради нас, тогаш поради нив. Нашите идни генерации.

Јас не сакам Ема да ја научам да ги става сите други пред себе, сакам да ја научам да се цени и сака себе си. Да се грижи за себе. А ако не преку личен пример тогаш како?

Time Management. Организација. Приоритети04 déc. 202001:11:06

Ова е мојата приказна за мојата организација на моето време.

Како некој кој што веќе 4 години работи од дома, freelance, откако станав мајка почнав постепено да станувам свесна што за мене значи моето време.

Почнав полека да ја сфаќам вредноста на истото, и колку времето е единствено нешто со кое што апсолутно никој не може да управува.

Откако увидов дека моето време го трошам на многу непотребни и некорисни работи, работи кои што ме прават несреќна, не ме исполнуваат, сфатив дека е време за промена. 

Па скроз случајно преку друг подкаст ја открив методата Time Blocking. 

И со неа уште неколку други техники на организација.

Затоа ви ја споделувам мојата приказна, како и 6 бесплатни ПДФ фајлови кои што можете да си ги испринтате уште веднаш, како и вие би си го организирале вашето време.

Линк до истите https://bit.ly/2JP35DO.

А и да не ги заборавам двата тефтери кои што мене лично премногу промени ми донесоа https://bit.ly/3gdukUp.

Имајте прекрасен ден

М

Нешто повеќе за мене25 nov. 202000:25:42

Конечно се решив дека е време за аудио запис. Во блиска иднина и подкаст. Се работи на случајот.

Сметам дека ваквиот вид на ширење на информации, на пораки, може да е доста покорисен за многумина.

Од причина што може истовремено да слушате додека чекате ред во банка. Додека готвите, чистите, спремате ручек. Но исто така е еден добар начин за подобро да ме запознаете мене. Мојот тон, начинот на кој што ги изговарам зборовите.

Знам дека е далеку од совршено, но искрено решив да пробам, сѐ со цел дека можеби за повеќе од вас ќе биде корисно. Па како одам понатаму ќе се трудам да е сѐ подобро и подобро.

Па слободно Play.

© My Podcast Data · Independent project · Data from Apple & Spotify